Промоција на деби албумот на Fierce

fierce

Македонскиот џез состав Fierce е формиран 2012 година во Скопје, од страна на Горјан Стојменовски и Виктор Филиповски. Од самото формирање бендот имал неколку промени во својот состав, денес го сочинуваат: Горјан Стојменовски (гитара), Виктор Филиповски (тапани), Марко Василевски (контрабас), Борислав Веселинов (саксофон) и Сенад Усеин на труба. За време од своето постоење бендот активно работи на свој авторски материјал од кој дел е ставен на CD а другиот дел е во фаза на подготовки за снимање.
Бендот Fierce го негува современиот џез призвук (Contemporary jazz) кој во моментот е интересен како за џез музичарите така и за слушателите. Досега имаат настапувано на повеќе реномирани фестивали и настани во и надвор од државата, како и редовни настапи во џез клубовите низ Македонија.
Промоцијата ќе се одржи денес во Барбакан бистро бар со почеток во 20 часот. CD-то ќе се продава по промотивна цена од 150 ден.