Промоција на стрип-албумот „Пријателски Оган“ од Филип Алексовски

10 мај 2019 Музеј на град Скопје

На 10-ти мај во Музејот на град Скопје ќе биде промовиран првиот самостоен стрип-албум „Пријателски Оган“ на авторот и илустратор Филип Алексовски, познат со артистичкото име King Fizze.

Остварувањето „Пријателски оган“ е петто стрип издание на Филип Алексовски после стриповите „Фацизам“ 1, 2, 3 и 4, издадени во периодот од 2010 до 2017 година. Филип Алексовски, познат како автор на графичките решенија на скопската рап групација „Легијата“ е еден од главните двигатели на македонската стрип сцена. Неговото последно остварување содржи 136 страници, напишани и нацртани од авторот и е повторно во препознатливиот ноар стил, црно-бело решение на графички романи, со трилер сценарио, многу акција и драматичен заплет.
Промоцијата ќе се одржи на 10 мај во Музејот на град Скопје, со почеток од 20 часот, а на настанот стрипот ќе се продава по промотивна цена од 300 денари.
На промоцијата свој диџеј ќе има Ненад „Брус“ Стефановски (Foolish Green, Легијата). Влезот е слободен.