[видео] Горан Трајкоски

Расеани (главна тема од филмот „Ругање со Христос“)

 

Ние бегалци од себе си’
слепи при очи,
а со мислите расеани
по цела Вселена.

Од нас децата изгубени
само воздишки.

Како желки на автопатот
сме заскитани,
од сопственото униние
сме восхитени.

Блескаат заблуди на градиве
како ордени.

К ‘о на слепец сè ми зацрта
но јас отстапив
по беспаќата на бесрамот
се заборавив.

Како дождови од очиве
врнат бисери.