
Најавена кон крајот на минатата, 2018 година, како прекрасен подарок за сите љубители на звукот на современата македонска музичка сцена (особено за винил зависниците), но од оправдани причини, промовирана дури два месеци подоцна, винилната компилација „Сонична младост“ на ПМГ рекордингс е историски артефакт за случувањата овде и сега, поточно, таа е пресек на последните 20 години на домашната сцена низ призмата на работата на лејблот кој неуморно и на вистински начин го третира квалитететниот современ музички израз. Насловот на албумот совршено кореспондира со желбата, и најчесто, реализацијата на една совршена младост помината низ журки и музика, нешто што честопати во овој град претставувало утопија. Но...
