Новиот Почеток

Резерватот | нов сингл

„Резерватот“ е вториот сингл на Новиот Почеток од нивниот надоаѓачки албум „Јас сум земја“, за Sixtynine Records.

Дигиталното издание на албумот се најавува за 16-ти април, додека винилното и цеде издание очекувајте го на 16-ти мај, за кога е закажан и промотивниот концерт во Скопје. Европската турнеа на Новиот почеток започнува на 4-ти јуни.

 

 

РЕЗЕРВАТОТ

Пробав да сочувствувам со мртвите на земјата
тие што немаат сјај во очите
Пробав да се чувствувам ко луѓето со насмевка
и да носам кловновска облека

Пробав да се чувствувам ко пиле што пролетува
веднаш ми ги исекоа крилјата
Пробав да ги допрам чепнам небото и звездите
ми рекоа дека сум многу мал, неважен
но сонцето е надвор секој ден,
сјае низ решетките
во келија, гол без облека
гилотина гледам, ме чека крајот

Пробав да сочувствувам со мртвите на земјата
тие што немаат сјај во очите
Пробав да ги допрам чепнам небото и звездите
ми рекоа дека сум многу мал, неважен
но сонцето е надвор секој ден,
сјае низ решетките
во келија, гол без облека
гилотина гледам, ме чека крајот

О, oва мало гнездо
сега ми е тесно
немам крилја, да полетам
И веќе толку долго,
тонам без да пловам
со мала надеж за промена

И веќе нема ништо
во раката фиктивен пиштол
насочен кон себе… плачење…

И сонам и се гушам
тврдината да ја срушам
да излезам
да се родам пак
нозете цврсто да чекорат
да продоложам
да постојам
да возвратам силно на ударот
Не заборавам

На звукот на птиците
Топлиот смрдлив здив на улиците
Не заборавам, на зракот на сонцето
Tаму каде е слободно срцето
Не заборавам
На звукот на птиците
Топлиот смрдлив здив на улиците
Не заборавам, на зракот на сонцето

Денот доаѓа,
и последниот извик – “слобода”