Вечерва концерт на ŠećeЯ и Јоана

24 април 2019 La Kaña

Хрватската кантавторка ŠećeЯ концертно ќе настапи вечерва во скопскиот бар Ла Кања од 21 часот. Локална поддршка на концертот ќе биде Јоана Ристеска.

Тена Рак доаѓа повторно во Скопје, како дел од нејзината источноевропска турнеја на која го претставува својот соло порект ŠećeЯ, овојпат во освежена електронска варијанта во чиј фокус се вокалните експерименти и перформативноста.

Вечерта ќе ја отвори Јоана Ристеска со мал концерт за класична гитара. Деби издание наскоро.

Концертот на ŠećeЯ и Јоана Ристеска е со донација од 100 денари.

Концертот го организира задругата за независна културна продукција „5060“.