Прогресивниот скопски летен фестивал „Здраво Млади“ се вгнезди во паркот на МКЦ каде што за 27 август се најавува 12-часовно забавување со најновото од алтернативната музичка сцена.
За ова десетто јубилејно издание на фестивалот досега се најавени: данските легенди на инди-рок сцената – Efterklang, свежата психоделија од Истанбул – Lalalar. Со своите ретро-филмски бас-линии, електронски ритмови, расклопени вокали, флертувачки гитари и внимателно ископани примероци од наследството на Анадолија, бендот евоцира идна носталгија. Третиот најавен бенд се неверојатните Viagra Boys од Шведска! Цврсти на површината, а меки во центарот. Шесточлена панк-рок група со сценска персона како отворен канал за изразување чувства. Последниот најавен бенд еShopping– британско постпанк трио, составено од Rachel Aggs, Billy Easter и Andrew Milk. Бендот прави кинетичка, минималистичка диско-панк музика инспирирана од ESG, Gang of Four, Slits и Au Pairs.
Фестивалот е поддржан од Europe House Skopje.
Рана понуда билетите се достапни по цена од 500 денари на билетарницата во МКЦ и онлајн преку bileti.mkc.mk.