Stray

Since You’ve Been Gone

Продуцентот од Лондон кој релативно брзо остави свој печат на днб сцената, деновиве го издаде својот down tempo / instrumental hip hop проект наречен “Since You’ve Been Gone”. Според него вусшност не се работи за официјално албум издание, туку за парче музички тест кој е наменет за слушателите кои го познаваат по сосема поинаков звук.

Почетокот на проектот и неколкуте траки како “Woozy”, “Colour Of Love” и “Tonight” многу потсеќаат на звукот на J Dilla. И самиот Stray признава дека едениот од најдобрите хип хоп продуценти на сите времиња има огромно влијание врз неговата работа. Носечката “Since You’ve Been Gone” со богатите вокали и проретчената бас линија е извор на чувства и емоции кои му даваат дополнителна длабочина на целиот проект.

Иако на целиот микстејп изобилуваат семплови, обично тоа се кратки исецкани вокалчиња и стабови. Тоа драматично се менува во последната “Hey You!” во која семплувањето е направено старошколски само со користење на филтер, но како такво функционира перфектно!

Stray (www.residentadvisor.net)

Stray веќе работи на две нови EP изданија како соло артист и како една третина од колективот Ivy Lab. Освен тоа неговиот официјален првенец е најавен за следната година и очекувано мнозински ке припаѓа во drum & bass форматот. До тогаш слободно уживајте во неговите дупло успорени битови, кои патем кажано можете да си ги симнете бесплатно!