[видео] Smut

Три куршума

Од албумот „Тие се насекаде“
Снимки во живо од „Д Фестивал“ и „Таксират“
Видео монтажа од Иван Куртевски - Курте
Снимено и миксано во Polarity Studio од Горан Ристевски
Мастеринг Systematic Productions Ермин Хамидовиќ

Купив три куршума
Еден за мене, еден за тебе
Еден да ми се најде
Кажи збогум за последен пат
Исчезни засекогаш
За сите спомени, отровни зборови
Заврти се и остани
Само не чепкај по минатото, не пуштај ни глас
Не чепкај по минатото
Таму живее се што мразам јас!
Купив три куршума
Еден за мене, еден за тебе
Еден да ми се најде
Моите рани станаа лузни
Мртво ткиво кожа
Ѓаволот ја зема мојата рака
Нешто да ми шепне сигурно сака
Ме води по патот до самиот крај
Се насмевна и рече: “Ајде шетај”
Не поставувам прашања
Нема да добијам одговор лага
Еден куршум за мене
Другиот го носи твоето име драга
Купив три куршума
Еден за мене, еден за тебе
Еден да ми се најде