[видео] Shock Troopers

Соништа/Сеништа

Официјално видео за првиот сингл „Соништа / Сеништа“ од претстојниот албум „Глуво доба“ на Shock Troopers, за Diehard Records.
Режија и монтажа: Кирил Манчевски. Директор на фотографија: Стефан Дамјаноски.

Shock Troopers се: Иван Јованов вокал, Кирил Манчевски гитара и вокал, Виктор Андоновски гитара, Владимир Петковиќ бас и Драган Теодосиев тапани.
Снимено, миксано, продуцирано и мастерирано од Ненад Трифуновски – Трипе.



Волјата оловна прави да тонам
ме носи на места кај што не сакам да бидам
ме носи пред лица кои нејќам да ги видам
ме тера да се затварам , ѕидови да ѕидам.

Опседнат со соништа
опкружен со сеништа.
Светлина да гори почна
блесок силен ме стопи в кошмар.