Стихови како чекори, песни како бескрај

Кон поетската збирка „Жалба до музата“ од Џери Марфи во издание на ПНВ Публикации, Скопје, 2019

Оваа поетска збирка ни покажува на еден многу едноставен начин дека за љубовта може да се пишува многу поинаку од конвенционалното топење на стиховите во ординарните чувства во кои редовно се разочаруваме. Доживувајќи ја како патување, се обидувам овој слободен, но и нездржан стих да го протолкувам како чекорење, како исклучително тежок од кон необјаснивото, но со една никогаш незгасната надеж и еден нескротлив порив. За што? Порив за преинсталирање на една цивилизација каде емоцијата ќе донесе исполнување на срцето, ќе донесе незгаслив хуманизам и ново толкување на Бога и на Сонцето.

Чинам, затоа Џери Марфи и се обраќа на Музата. Лаконски и достоинствено. Како поет кому „доцното вечерно ветре лесно му удира по страниците од неговата следна книга“ тој својата емотивна констелација ќе ја вообличи во стихови-искри и ќе не наведе да се потсетиме на „мигот“, на онаа чудна, необјаснива „честичка“ која ни ги бранува телото и умот. Музата не е имагинарен карактер кому му се испраќаат пораки и желби за чиста љубов како спасение. Неговата муза е флуидна дама која му дише зад вратот, 

таа е своевидно отелотворување на женскиот принцип низ многу едноставни, но импактни стихови. Овој поет се обраќа на женскиот здив, на женската плот, на нејзината сенка и похотност за да побара еден сосема поинаков Авалон, поинаква рајско засолниште каде никој досега не бил, едно неоткриено место во кое секојдневието е сензитивно богатство кое конечно ќе го приметиме и ќе го внесеме во својот хабитус како неопходна храна, а љубовта како свечененост која ќе не следи до затворање на очите. Оваа поетска збирка би ја сфатиле и како авантура, како стихуван патепис каде фактографијата се наметнува како сеќавање или достага. 

Џери Марфи се обраќа на многу сегменти од човековото битствување како што се спортот, митовите, историјата, апсурдот, но најмногу на жената и на љубовта. Оваа антрополошка конвулзија е главниот кромилар во ова негово стихувано патешествие низ 46-те одбрани песни како омаж на неговиот книжевен опус. Тој, како поет со многузначен стих не заборава да сонува, свесен дека целото патување низ цивилизациските ходници и теснеци ќе му го овозможи токму сонот:

И затоа модусот на сомнабулноста тој го презема на себе како флуктуална псевдо-историја, лична достага во која на феноменологијата на историјата и на сегашноста се скица за пловидба, а неговиот животен циклус само метафора за која се држи многу цврсто за да не го загуби тлото под нозете и да не падне во непосакувана небулоза. Токму заради тоа стиховите на Џери Марфи болат откако ќе ја затворите книгата и ќе се запрашате: дали и вие да тргнете на такво патување каде што есенцијата на досегашниот живот ќе ја испиете како горчлив еликсир без страв дека ќе се претворите во камен, еден од многуте на брегот каде што стапнал Колумбо.

Една од најинспиративните песни во оваа поетска збирка се токму тие „Извадоци од загубениот дневник на Кристофер Колумбо“, песна која го притиска и цеди стихот до негово целосно автосемантизирање и до негово криптизирање за целата оваа стихувана авантура да стане една прехиперболизирана „Одисеја“ во која пловидбата не значи нишање по морскиот бескрај во потрага по копно, туку дека е таа „прекрасна огнена трага“ каде и љубовта и животот имаат своја божествена интерпретација, а имаат и свој „хибрис“ за кој авторот низ стих паѓа на колена и му се заблагодарува на Бога. 

Се чини дека оваа мини поема чии строфи се метрономски наредени, низ датуми во фиктивниот дневник на Колумбо е главната координата на целата поетска збирка синтетизирајќи ја љубовта и егзистанцијата во еден боговски корпус со низа од ововременски компоненти. Токму тие стихови ги рашируваат сите опсесии на Џери Марфи, целата таа посветеност на се она што е опипливо и на се она што е боговски, недопирливо. Оттука се разгрануваат неговите стихови каде се споменуваат обичните човечки активности каде тој „ја измива косата и ја суши малку расенао крај огнот“ (Татко ми ми ја суши косата), но и каде што на Михаела и испраќа:

а и каде им се обраќа и на Хитлер и на Ленин, а и на стилот на Лорка. 

Овие стилски и антрополошки превирања имплицираат на симбиотичка поезија која колку и да се оддалечува од тематската одреденост, таа се навраќа на неа како на јадро од кое ја добива и својата смисла. Една од најконтраверзните поесни во таа насола е песната „Според Гете“ каде тој вели:

Џери Марфи иако намекнува симболистички пасажи, тој вмрежил многу импресиностички нитки во своите песни. Затоа, оваа поезија има една константа која може да се преведе низ познатата латинска изрека Amantes, amentes (вљубени, полеудени), која во овој случај не е индикативна само на љубовната контраверза, туку и на цивилизациската достага, на она што значи дека човекот е она што преостанало од Богот. 

Овој поет не можел да и одолее и на инспирациите од Македонија, па неколку од своите песниги посветил и на Свети Наум како и на Охридсокот езеро.

„Жалба до музата“ е извонреден избор од поезијата на Џери Марфи, поет чии стихови патуваат низ цел еден човечки живот, пловат, пешачат, се уморуваат, се одмораат, заспиваат, а најмногу од се, сонуваат. Сонуваат за чиста љубов, за егзистенција со историја која исполнува, за една светлина која буди насмевка, но и за едно место каде што после сите Содоми и Гомори ќе погледнете во далечината и ќе речете:

А претпоставувам дека тој ден не е далеку.