Тајландѓаните Stylish Nonsense вечерва на мултимедијалниот фестивал „Под зејма полесно се дише“

11 ноември 2019 21:00 Ла Кања

Вечерва со почеток во 23 часот во скопската Ла Кања, концерт ќе одржи бендот „Stylish Nonsense“, како дел од промотивните настани за седмото издание на мултимедијалниот фестивал „Под зејма полесно се дише“.

Stylish Nonsense се електронско дуо од Банкок, Тајланд, кое го сочинуваат Yuthana Kalambahet и Wannarit Pongprayoon. Започнуваат да создаваат музика во далечна 1993, користејќи рудиментарна музичка опрема. Низ годините еволуираат во бенд препознатлив по суптилното чувство за импровизација и слободното танцување помеѓу различни музички стилови, од пост-панк до винтиџ фанк. Секој нивни перформанс е различен од претходниот, уникатен и непредвидлив, а енергијата заразна. Зад себе имаат бројни  соработки со познати музичари од експерименталната и импровизациска музичка сцена, а последната која датира 2018 година е со финскиот саксофонист Jimi Tenor.

Седмото издание на мултимедијалниот фестивал „Под земја полесно се дише“ ќе се одржи на 28 декември на добро познатата локација, во гаражите под плочник.