[видео] Суперхикс

Ана

« Mузика: Дарко Попов, Петар Младеновски и Борис Минов » Tекст: Дарко Попов » Aранжман: Суперхикс » Ана: Сара Анастасовска » Режија и монтажа: Благоја Неделковски » Кинематографер: Димо Попов М.А.К. » Сценограф: Вања Бартлинг » Костимограф: Жаклина Крстевска » Шминка: Златица Поповска » Светло: Тоде Ивановски, Александар Бошев (Про Лајт) » Сцена: Трајче Величковски. » Асистенти во сценографија: Андреј Бартлинг, Димитар Јакимовски, Александра Петкова, Симо Бранов, Борис Минов » Организација: Никола Христовски, Методија Лазаревски » Асистент на камера: Раде Гогоски » Спотот е по идеја на Суперхикс, во продукција на Фокус Покус Филмс » Снимање, микс и мастер во студио "Тралала" од Мите Димовски »

Една Ана ми отвори рана
И еден глуп стих ми подметна
Што без престан се врти во глава
“Сањам те сваки дан..“

Подај ми рака ма Ана
Со овој стих не ме оставај
Може ли стих да не раздели вака?
И еден ден да не те познавам

И не знам дал’ цел свет на страна се помести
Ил’ само јас се изместив
Ех, кој би знаел колку би траел овој чин
Да не бевме толку различни

Не може така ма Ана!
Вметни стих, сврти се, побегни!
Ова е стих добар за во кафана
Ил’ за второкласна биртија

И не знам дал’ цел свет на страна се помести
Ил’ само јас се изместив
Ех, кој би знаел колку би траеле јас и ти
Да не е меѓу нас овој стих:
“Сањам те свааки дааан...“