The Stranglers

The Raven

Иако Југотон, некогаш единствената државна фабрика за плочи и касети, заедно со првиот човек Дубравко Мајнариќ, денес не би можеле да се пофалат со каталошки вредна бројка на своите лиценцни изданија (да не зборуваме за невременото реагирање коrа плочите доцнеа и по неколку години), неколку импозантни (изразено во бројки околу 50) изданија од, таканаречениот алтернативен рок сепак им дава за право да констатираат дека сме добиле каква таква порција. Таквите изданија секако го заслужуваа, како вашето внимание, така, се разбира и парите. Друга е приказната доколку плочите се набавуваа од местото на настанот. Доколку не, инцидентот беше констатиран кога таквите плочи кај нас стигаа дури на време.

 

S_R

The Raven така, пристигна жежок. При крајот на деценијата на панкот. По Rattus Norvegicus, No More Heroes и Black and White, четвртата колекција – The Raven, Давителите ги дочека во положба коrа беа прилично славен и пред сé ценет британски состав, штотуку заваден со комплетниот островски печат (ја бележиме и неславната тепачка на пејачот Cornwell со еден од “битните” новинари, како и забраната од властите да настапуваат во Лондон). Иако израснати од панк фамилијата, The Stranglers никогаш не се чувствувале како дел од неа. И покрај тоа што временски припаѓаа таму, а идејно не, The Stranglers ja имаа таа несреќа да бидат, не по своја волја, во “панк елитата”, иако беа со милји далеку од наивната no fun филозофија, која за Давителите беше премногу тесна и патолошка. The Stranglers беа оспособени за поголеми нешта. На The Raven дури за најголемите. Откако на првите записи во голема мерка ја преферираа масивноста на хармониите, која кај The Stranglers отсекогаш обилувала со луксузни музички решенија, со The Raven ce случи очекуваното. И за нив самите тоа беше “давење над давењата”.
“We are not here to destroy (догледање Pіstols-и), We are here to еmрlоу (не сваќај сериозно), We are the Man in black” – се нудеа себеси, а во исто време се криеа под црната облека и пискавиот глас, Black, Greenfietd, Burnel u Cornwell како да сакаа да го хипнотизираат сопствениот огорчен став. The Raven има, без поговор, 11 ремек конструирани полнокрвни Песни, слатко иронични, но пред сé комуникативно преосетливи. На “Гавранот” испитувањето се движи од осаменоста (“The Raven”), загубениот идентитет (“Dead Los Angeles”), пa преку моќта на изотопите на уранот (“Nuclear Device”), човековата глупост (“Shah Shah A Go Go”) до Менделовата 9:3:3:1 теорија (“Genetix”) Bo однос на своитe претходници, The Raven ja емитира максималната изолирана интелигенција на Давителите со неизбежните километарско нотни бркотници. На моменти, дури се јавува помислата дека било кој од инструментите би можел да опстане и самостојно. Како фабрика во фабрика.
Од The Raven помина четврт век. Доволно одлежано. Пробајте (или присетете се).

 

Тротоар бр. 9
1994