The Underground Youth вечерва во МКЦ

21 мај 2019 Младински културен центар 21:00

Готик пост-панк составот The Underground Youth настапува вечерва во Младинскиот културен центар во Скопје промовирајќи го нивниот последен албум Montage Images Of Lust & Fear.

фотографија Зден

Оригинално формирани 2008 во Манчестер, Англија, The Underground Youth, првично како соло проект на пејачот, гитарист и текстописец Craig Dyer, набргу потоа и како бенд со тапанарката Ola Dyer, гитаристот Leonard Kaage и басистот Max James. По дебито Morally Barren во 2009, издаваат неколку албуми, вклучувајќи ги Sadovaya во 2010, Delirium во 2012 и Haunted во 2015, по кој албум се преселуваат во Берлин, Германија, каде во 2017 го реализираат својот осми по ред албум What Kind of Dystopian Hellhole Is This?.

The Underground Youth доаѓаат во Скопје по вторпат, по нивниот настап на фестивалот Здраво Млади во 2017, овојпат промовирајќи го нивниот последен албум Montage Images Of Lust & Fear.

Влезниците за концертот чинат 300 денари и можат да се набават на билетарница на МКЦ и онлајн преку bileti.mkc.mk.