[преслушуваме] Khara

There Were Heroes Amongst Us (Fluttery Records)

There Were Heroes Amongst Us” е деби албум на македонскиот пост-рок бенд Khara. Тоа е концептуален албум – една тема што се проткајува низ него. Албумот ги раскажува приказните за заборавените херои, за луѓето кои постигнале извонредни нешта со ништо друго освен со нивната храброст. Луѓе кои не требале да бидат заборавени, но сепак биле. Khara одлучи да им оддаде почит, вадејќи ги сите емоции при обидот да ги компонираат песните.

Албумот дише со различни типови на мелодии, од меланхолични и тажни, до радосни и среќни. Шест песни кои се направени да претставуваат конкретна личност, предмет или настан.

Снимен е во 2016, со сите песни компонирани од четворицата членови заедно. Албумот ќе го однесе слушателот на епско патување низ историјата. Тој покажува што всушност значи животот и како истиот може да се смени во секунда, но и како луѓето можат да достигнат неверојатни височини.

 

1 декември 2017 Fluttery Records