[преслушуваме] Тони Димитров & Rhucle

Sound Diary [post global recordings]

Rhucle и Тони Димитров се впуштаат во нова експериментална (амбиентална и бучна) музичка сцена со нивните соло ангажмани и со различни заеднички изданија и соработки. Сега се соочуваме со нивниот заеднички напор, амбиентално истражување со суптилни нијанси од понежна природа. Користејќи датирани теренски снимки снимени во македонската природа, тие успеале да создадат еден вид звучен дневник, прикажувајќи живописни звучни слики од тие места, истражувања и искуства. Раширени тонови и сигнали, блескави светла кои треперат под густата површина на слоевити симболи. Низа на уредно усовршени значења и околности. Седнете и опуштете се. Тоа е некој вид звучен дневник. Воздухот е променлив. Времето е жешко. Предел на природата. Во далечината поминуваат возови, додека воздухот е исполнет со надежи и желби. Такви ми ти работи. Можеби не стои надвор од веќе стабилниот прилив на повеќе или помалку позната естетика, но овој нов друг чекор напред - 'Sound Diary' додава друг вкус на супата. Украс на мрежата. Уживајте во суптилниот маниризам.