[видео] Тонио Сан

Скријте ми образ

Текст Тонио Сан Музика и аранжман Кискин Микс и мастер Гоце С.А.Ф. Видео Филмофилска Продукција Камера Владимир Најдовски Монтажа Марина Аврамовиќ

Здраво другари, одамна не сум пишал јас
како е таму во светот каде не се дише гас?
Знам ме нема, но што да речам.. да не ви пречам,
тапа ми е расположението да ви го сјебам.
Тука сé се клати, знам читате портали,
али никад не го пишува она што тука фали,
народот уште се пали на ниските страсти,
овдека XXI век веќе со децении касни.
Уште не сме стигнале во сегашно време сме назад,
нè лажат дека сите големи сили нè мразат,
оној што не верува бркај го надвор, да, ќе прават војна
за пет души да не одлежат затвор.
Па за спас – распад на земјава да нема друга власт,
не ми се верува народов пак им дава глас,
морам да идам времево мина за час,
поздрав, ќе пишам пак за нас, скријте ми образ…

Здраво другари, слободен конечно да пишам сум,
лажам, имам време ама немам бистар ум,
а стањево е уште срање,
ебате звање ако немаш здравствено осигурање.
Кривецот е..хм.. изумив кој,
не ми замерувајте што празен е стомакот мој,
па немам чиста мисла, не ми е дојдено до цензура,
извини, биди фер и кажи ми дека се фурам.
Ова морав да го пишам за да не добие удар
ова срце кое пати, треба ли да бидам Буда, а!?
Да голтам сé што не се голта
ропството ми е во крвта, сум македонска сорта.
Боље да прекинам сега, ќе блујам оган,
ќе се пишеме во боље времиња, во боље доба,
кога ќе бидам добар, до тогаш другари поздрав,
уживај во бели свет и скријте ми образ…

..Еј.. како е? Читам сте ми пишале,
извинете што не сум вратил, сме се разминале,
како да одговорам на ова прашање:
Зошто не си отидам од дома за да заминам во туѓ свет?
Можеби сум идеалист што тражи друг смер,
не велам не, но борбата ми трае уште..
кога ќе заврши можеби, сега гори,
ако бегам нема кој да се бори за родни гори.
Не сакам да признаам, но полека гаси жарот
овде гледам раја кодоши, кодошат за другарот,
за пари го шират чмарот, лицемерие во барок,
така да, сфаќам потпуно зошто сте вие таму.
Можеби ќе дојдам еден ден со вас,
до тогаш чувајте го мојот доказ и скријте ми образ..
Завршувам со писмо во кирилица,
минете браќа, врвете, јас не сум ви лика – прилика…