Uner

Tune 432

Uner е диџеј и продуцент од висок профил. Особено диџеј, бидејќи е букиран по приближно 10 пати месечно во цел свет. Би рекол дека и цените му се во највисокиот ранг. Имиџот што го фура исто така го потврдува тоа, ама тоа секогаш не значи дека со имиџот го маскира лошиот квалитет. Токму спротивно, со добрата продукцијата го потврдува својот квалитет.

Uner

Унер, или поточно Manuel García Guerra, е Шпанец, претставник на последната генерација на продуценти и диџеи. Траките што ги продуцира му се движат по скоро сите поджанрови на хаусот, а има и доста техно и тек-хаус траки. Според Beatport има испродуцирано над 300 во последните 5 години !! – оригинални и ремикси. Од издавачките куќи би ги издвоил Cadenza, Cocoon, Diynamic и Plus 8.

Едниствениот албум на Унер ми се фати на радар од проста причиба што албумските изданија во толку тесно специјализирани жанрови на денс електронската музика се вистинска реткост. Толку реткост, што ако човек ги бара систематски ќе се исфрустрира. Причината зошто е тоа така најверојатно лежи во тоа дека продукцијата на 13 различни денс траки најверојатно не е толку тешка. Ама да ги ставиш во албум – што значи ем да има некоја црвена нишка ем да не се сите исти т.е. секоја во исто време да си биде и како сама за себе доволно оригинална е ептен тешко. Комплексноста на тешкотијата се изразува како експоненцијална функција во однос на должината на испродуцираната музика. Ама на Унер му има успеано истото уште на неколку други нивоа. Албумот му е приказна што може секој диџеј да ја измикса во random редослед и тоа со сите траки од албумот. И секогаш ќе биде ем приказна на место, ем различна од претходната. Ако не верувате, пробајте : ) . Патем, заборавив да спомнам погоре уште две посебности. Унер е школуван музичар, што е за жал, исто така, реткост, но и тоа дека целиот албум е направен некаде на пат од една до друга дестинација на планетава, каде што пуштал музика.

Како љубител на дериватите на хаусот, особено дип хаусот, ме нервираат вокали со „истрошени„ бои на гласови. Унер користи пеење во неколку траки и има и примери на неоправдани вокали.  Ама се му е простено. Сепак албумите треба да се гледаат со zoom-out, како една целина. Изгледа затоа  не можам да издвојам некоја посебно добра и по ќејф или некоја лоша трака. Ама како целина е искуството од последните десетина дена со секојдневно масирање на ушите и мозокот, wow.