[видео] Pluto's Doubts

Немир и валиум

Режија и монтажа Јане Спасиќ

Камера Владимир Димоски, Јане Спасиќ

Сет облекување Сања Симоска, Бранкица Јордановска

Пост-продукција Јане Спасиќ, Горјан Атанасов, Матеја Николиќ

Ако вина бараш
Барај ме ти
Јас немам кредит
А би ти пеел блуз
И би ти свирел на евра
Би ти играл на мина
Среде Атина
Среде пиреј и перја
Простум застанат

Немир и валиум

Ако вино бараш
Барај ме ти
Ќе направам jour
Од твојата жал
Ќе ме бркаш на клоци
Ќе те галам со узи
Сред времиња други
Ќе бидам и галоп
И твоите узди
Немир и валиум
Неми ривали
Неми ривали
Гордост и завист

Би ти играл на мина
Среде Атина
Среде пиреј и перја
Би застанал простум
Сред немир што не се тера
Со кама и малихера
Мене пилето ми пее
Мене вранци ме голицаат