[видео] Shock Troopers

Глуво доба

Од албумот „Глуво Доба“ на Shock Troopers за DieHard Records. Видео: Кирил Манчевски. Shock Troopers се Иван Јованов на вокали, Кирил Манчевски на гитара и вокал, Виктор Андоновски на гитара, Владимир Петровиќ на бас и Драган Теодосиев на тапани. Снимено, миксано, продуцирано и мастерирано од Ненад Трифуновски Трипе.

Во глуво доба не постои закон
нема друг начин, чекорам храбро.

Крволочни пси
острат заби
демнат од мракот, чекаат момент на слабост
се хранат со стравот.

Го слушам виежот од чопор што заседа готви
и видов хиени и сатири бесни
и црното сонце и пламени порти.