Во јазикот на музиката може да се најде огромна човечност | Lloyd Swanton, The Necks

17 албуми за 28 години. Како гледате сега на сите ваши албуми и таа постојана трка по нови форми, структури, идеи за времето и звукот.
Па, за почеток, исклучително сум горд на сите наши албуми. Тешко е да се биде целосно објективен, но мислам дека во нашите албуми се гледа интересна еволуција. Sex е многу поразличен од Open (и секако дека би очекувале да биде така, со 25 години разлика помеѓу нив), иако очигледно е дека двата се направени од истиот бенд. Не мислам дека свесно пробуваме да ги разграничиме сите албуми од нивните непосредни претходници но, гледајќи наназад, мислам дека тоа сме го правеле доста конзистентно. Сепак, за нас секој албум е она што излгело во тоа конкретно време од студиото. Можеби сме влегле во студио со јасна идеа, или можеби албумот си ја добил својата форма во процесот на снимање, но секој од нив претставува конкретен сет на избори направени од нас тројцата во тој период од нашите животи.

Музиката за вас има и терапевтски квалитети. Како тоа?
Тоа е добро документирано. Од општото чувство на задоволство кое повеќето луѓе го искусуваат кога учествуваат во музиката која им одговара на нивните потреби, па сé до некои конкретни бенефити документирани во клинички услови. А и зошто не би била терапевтска? Тоа е една од основните експерсии на човечкото битисување.

necks1

”Доколку луѓето се подготвени да ги остават нивните претходно зачнати погледи за тоа што е добра а што лоша музика, каде културата на музика се јавува како најсофистицирана, тогаш во јазикот на музиката може да се најде огромна човечност“

 

Вие сте музичари со различни музички бекграунди, а некако се чини дека го експлоатирате севкупниот world music, како лесна дефиниција. Како изгледа светот обединет во вашиот прекужанровски поглед на локалното и глобалното?

Не би сакал да звучи како клише, но музиката е неверојатно поврзувачка сила низ целиот свет. Доколку луѓето се подготвени да ги остават нивните претходно зачнати погледи за тоа што е добра а што лоша музика, каде културата на музика се јавува како најсофистицирана, тогаш во јазикот на музиката може да се најде огромна човечност.

Интересно е дека повеќето луѓе кои ги познавам на права го паметат името само на вашиот прв албум.
Ова не нé изненадува. Кога луѓето сакаат да купат некој наш албум, а не чуле ништо од нашата музика, секогаш се решаваат за првиот албум. Не ми е целосно јасно што мислеле дека ќе добијат, но очигледно имаме доста задоволни купувачи.

Кој а вашиот омилен албум од The Necks и зошто.
Како што кажав погоре, горд сум на сите нив, и немам некој кој ми е лично одмилен, но помеѓу омилените ми се Open, Hanging Gardens, Aether, Silverwater, and Silent Night. Зошто ми се омилени? Секој од овие албуми ми делува како многу убав и многу различен од сé друго што веќе било достапно, и за секој од овие албуми чувствувам дека се исклучително успешни и дека сме го постигнале точно тоа што сме наумиле да го постигнеме.

Во современа музиколошка смисла, како гледате на денешната светска џез сцена?
Возбуден сум поради континуираното оплодување на џезот со другите музички форми. Мислам дека и The Necks имаат придонес во ова. Не сум особено заинтересиран за современиот трационалистички џез. Секогаш сум чувствувал дека џезот има повеќе да каже кога прифаќа други влијанија во својот свет.

necks2

”Иако сме исклучително исполнети кога ја свириме нашата музика, навистина е посебно кога ќе чуете дека таа имала особено значење во нечиј живот“

 

Се сеќавам на една изјава на Chris Abrahams врзана за вашите настапи во живо: “Понекогаш ние како музичари имаме слична слушачка траекторија како публиката и подеднакво сме изненадени од она што се случува” и во таа смисла прашањето – Дали сте заинтересирани за мислењето на публиката за вашата музика и како препознавате кога публиката е влезена “внатре во музиката”?
Секако дека ни е многу драго да слушнеме што луѓето мислат за нашата музика. За среќа, во најголем дел ова е многу позитивно, а повремено добиваме и многу трогателни сведоштва од нашите обожаватели во кои ни кажуваат што нашата музика им значи ним. Иако сме исклучително исполнети кога ја свириме нашата музика, навистина е посебно кога ќе чуете дека таа имала особено значење во нечиј живот.
Како препознаваме кога публиката е “внатре” во нашата музика? Понекогаш тоа е доста очигледно. Луѓето од публиката повремено викаат или ракоплескаат, и сé додека тоа не им го попречува уживањето на другите слушатели на настанот, ние сме ок со тоа. Но, обично препознавањето е потсвесно и суптилно.

Конечно настапувате на Скопскиот џез фестивал за првпат и тоа во прекрасно интимен простор. Дали знаете дека тука имате многу обожаватели, порака до нив?
Не знаевме дека имаме многу фанови во Македонија. Но, иако веќе сме многу возбудени што доаѓаме, одлично е да се слушне и ова! Нé привлекува македонската музика, но за жал, најверојатно нашата посета ќе биде многу кратка и ќе немаме шанса да слушнеме нешто од ова. Без посебна порака, луѓето треба само да си дозволат да бидат понесени од музиката и еден час ќе помине како да се неколку секунди.