Mooger Fooger

Вселенски отпад

Mooger Fooger го промовираат новиот албум, едноставно наречен „9“ со „Вселенски отпад“, првиот сингл од албумот во најава.  На промо синглот гостува Горан Трајкоски, додека Сеад Хаџиќ Сецко и Димитар Петров свират на мандочело и барабан. Новиот албум на Mooger Fooger со 10 песни е најавен за реализација во почетокот на мај.

 

 

Вселенски отпад

Зимска ноќ, студот коски крши без заби
Вселенски отпад бара истовар под небеси
А кучињата никаде ги нема да залајат
оти устите им фатиле пена, папсани од гонење плашила
Нечујно, паднав пред тебе на колена
за да ја земам скрбта туѓа в прегратка
Погоден во с’ржта на своето себељубие
осамен во својата празна суета
Не сум сам во… не сум сам против својата слободна волја
туку скратен – скратен во своите умислени права
Јас сум сам во… сосем сам со својата сирота слава
дури скратен – скратен во своите умислени права
А кучињата никаде ги нема да залајат
оти устите им фатиле пена, папсани од гонење плашила
А кучињата никаде ги нема, ги замолкнааа со…