Who I Am | Мемоарите на Pete Townshend

pete_townshend

За првпат, на своја 67-годишна возраст, Pete Townshend – текстописецот, композиторот, гитаристот и креативниот центар на The Who, ја раскажува својата искрена фасцинантна приказна за едно тешко детство, амбицијата, контроверзите, безмилосниот перфекционизам, духовната криза, иновативноста во гитарскиот израз, музиката и општествените промени… Гласот на генерацијата.

 

Лондон по Втората светска војна, фрагментарните сеќавања за детството и тинејџерската пустелија, годините на сексуалното злоставување, Mod сцената во 60-тите, првата, случајно скршена гитара во 1964, Woodstock 1969, “рок операта” Tommy, авто-деструктивните настапи, бисексуалната афера со Danny Fields, годините на духовноста со индискиот мистик Meher Baba, спиритуалноста наспроти хедонистичката зависниост од дрога, наглувоста на левото уво, Quadrophenia и анти-револуцијата на поп песната, годините на парите, славата и депресијата, желбите да стане скулптор, новинар, танчер и графички дизајнер до музичар, композитор, писател, книжевен уредник и морнар, Пит и педофилијата наспроти целиот свет, 100-те напишани песни, 11-те албуми, 100-те милиони продадени плочи за 50-те години музичко постоење… Едноставно, живот на тацна. И многу повеќе од тоа.

 

Who I Am (audio book): исечок