Archie Bronson Outfit

Wild Crush

Првин беше “кокос”, па дојде “дивиот флерт”. Симпатично замислено и цврсто отсвирено, со многу гаражно рокање и психоделија. Сето тоа штима доколку не знаеме какви се на сцена…

Овие англичани од Wiltshirea (Somerset, да, таму каде што се прави она популарно пиво!) и нас, Хрватите, не врзува една интересна врска –два пати настапуваа на INmusic фестивалот (2006 и 2012 година), а никој жив не им обрна внимание. Еве, таму некаде во пролетта 2006 година, го објавија вториот албум “Derdang Derdang” и ни го промовираа во Шалата како предгрупа на Franz Ferdinand. Летото 2010 година излезе третиот албум “Coconut” кој скоро во целост го отсвиреа на јарунскиот мејн стејџ, пред некои 500тини незаинтересирани набљудувачи кога се насобра толпа која ги очекуваше Gogol Bordelo; иако силно ги форсира Laurence Bell – сопственикот на Domino Records, помрднување на пазарот нема. Интересно, на вториот ден на Inmusic повторно настапуваа Franz Ferdinand (Domino Records, се знае). Одговорот за причината за незаинтересираноста на аудиториумот за Archie Bronson Outfit е едноставна. Тие се многу подобри за слушање дома или на некој мобилен уред преку слушалки, отколку за гледање во живо. Страшно се статични, зацементирајќи се во неколку квадратни метри околу тапанарот Mark Cleveland (ака Arp) и не се помрднуваат цел концерт. Па гледај ги ти саат и кусур, тамам колку да го отсвират материјалот од цели 3 албуми, бидејќи долгосвиречките плочи им изнесуваат едвај нешто повеќе од половина час.

Би било разбирливо доколку е нивната музика некој shoegaze, dream-pop, brit-pop prenemaganje или нешто слично, но и на овој албум тие даваат максимална сила на гаражниот рок измешан со панк рифови, валкани дисторзии, space и stoner-rockom, а понекогаш посегнуваат и по малку од The Beatles, психоделија, паб-рок и се нешто што неминовно ве помрднува во акција. Но, немам појма зошто Sam Windett (гитара, вокал) и Dorian Hobday се буквално дрвени марии на сцена. Ги гледав два пати на фестивалот INmusic, и секој пат останувам разочаран од сценскиот настап. Делуваа баш како публиката да не постои, свирејќи сами за себе, како некој под закана за ќотек да ги ставил на сцена да го от-тамбураат својот договорно-зацртан материјал. Ниту добар ден, ниту фала, ништо. Никаква интеракција со гледачите. Некоја несфатлива фора која, очигледно, ја сфаќаат само Англичаните…

Но, овој нов албум е страшно полетен, динамичен, со солидна енергија и цврстина во понекоја од песните, што никогаш не би рекле дека тоа се всушност момци кои попрво би седеле додека свират рок. Во некои од песните, нафилувани се со сила која наликува на The Stooges, особено во воведната “Two doves on a lake” и во “Hunch your body, love somebody”, додека, пак, на пример, во “Cluster up and hover” испорачуваат добар дух на hard-rock/progressive сцената од 70тите, дополнувајќи го својот скромен сет (гитара, тапани и бас) со старински Хамонд и исто толку откачен саксофон кој често се појавува во песните. Во “Glory, sweat and flow” малку посегнуваат по The Beatles, додека пак “In white relief” и “We are floating” се во рамки на нивниот стандард со умерено темпо, а “Love to pin you down”, “Lori from the outer reaches” и последната «Country miles», баладични лаганици, проткаени со психо-манири на раните Pink Floyd. Како и да се слуша ова сосема симпатично албумче, тоа редовно испорачува доволна количина енергија за журкање и акција, на која не може да се седи или мирно да се стои на нозе.

Windett и екипата го следат својот истражувачки пристап, фокусирајќи се, овој пат, повеќе на психоделија, па и на нешто поцврст рок со дисторзии, сакс и оргули, оставајќи впечаток на целосно проширен бенд, но веќе помалку заборавиле да пишуваат тешки и обременети со лирска опседнатост, посегнувајќи по развеани и ведри теми за шмекање и заведување на девојки во кои, од време на време, може да се најдат и мрачни финеси кои обилуваа на нивните рани албуми. Ова и понатаму е сосема во ред; напредуваат кон своите потраги по свежина, но сцената за нив претставува и понатаму олтар на кој потиштено и понизно свират само за себе.