Quasimoto

Yessir Whatever

Quasimoto е артист кој долго време е присутен во етерот, но артист кој не и е доволно познат на широката публика. На кратко, Quasimoto всушност е анимирано алтер его на познатиот продуцент, музичар, Dj и MC – психоделичниот-џези-стонерски-мастермајнд Madlib.
После осум годишна пауза Quasimoto не изненади со изданието Yessir Whatever, албум составен од 12 теми. Актуелен сингл од овој албум е темата наречена Catchin’ The Vibe.
Иако овој албум не е класично продолжение на претходниот, сепак е одлично издание за слушање и за подобро запознавање со стилот на Madlib. Темите се работени во еден подолг временски период, токму поради тоа многумина ова издание сакаат да го наречат компилација.

artist_picture_lordquas

 

Yessir Whatever претставува една прекрасна библиотека од внимателно одбрани семплови, совршено вметнати меѓу мноштво различни перкусии, басови, живи инструменти, скречови, дангови и што ли уште не. Темите завршуваат и почнуваат на еден посебен медлибски начин. Бас линиите и семпловите не секогаш се во некаков луп, а сепак функционираат совршено. Постојано очекувајте пауза, вметнат познат семпл, данг, скреч, корекција на вокал, два вокали во исто време итн. Континуирано се провлекува некој класичен рап звук, а сепак Yessir Whatever звучи толку свежо што дури и не се забележува дека изданието е од 2013 година.
Албумот отвора со темата Broad Factor и без многу предигра веднаш внесува свежина во ушите. Понатаму, на интересен начин се редат теми кои нудат различни приказни, рими, дискусии, рефрени и сл. Како исклучителни би ги издвоил:
The Front ‘When I ain’t around, my name-o is up in your mouth / Your whole story is fishy like you went down South / Acting like you’ve been around me before I was paying dues /You’ll never know what I’ve been through until you’ve been in these shoes…’
Planned Attack ‘Lord Quas in the place, master race MCs / Coming through like Thelonious Monk / Madlib drop the horniest funk…’
Sparkdala ‘Ayo, if you don’t know I smokedala daily / I been smoking since I was sixteen / Word to my moms, I strictly smoked bombs / I smoked with dykes, hardheads and Uncle Toms / Lawyers, beat-makers, junkies and flunkies / Niggas that look like monkeys, smoking on skunky…’
Секое ново преслушување на овој албум е откривање на нови Madlib моменти кои се вешто скриени само за внимателните слушатели. Ве уверувам дека Yessir Whatever на Quasimoto ќе ви побуди интерес за преслушување и на другите изданија на Madlib, со што ќе ви се потврди луцидната разноликост на овој артист.