Nipplepeople и Operators на фестивалот Здраво млади

31 август 2019 МКЦ Скопје

Фестивалот

на нова музика Здраво млади го најави своето деветто фестивалско издание кое оваа година ќе се случи на 31 август на добропознатата локација во Младинскиот културен центар во Скопје. Првите најавени изведувачи на фестивалот  се хрватско електропоп дуо Nipplepeople и канадското пост-панк трио Operators.

Мистериозното загребско дуо Nipplepeople е на сцената од 2008 година кога и го издадоа првиот сингл Broj. Локалниот успех го претвораат во национален по објавувањето на песната Sutra, по што следеа фестиваските настапи на EXIT, Hartera, Terraneo, летниот фестивал Будва и многу други фестивали. Нивната заразна поп-електроника која реферира на 80-тите години нуди современ урбан звук на електронската денс музика. Во март 2017 по пауза од две години, бендот го промовираше новиот сингл „Фрка“.

Operators се дел од проектот базиран во Монтреал, создаден во 2013 година од Dan Boeckner (Handsome Furs, Wolf Parade, Divine Fits), Билјана Мирковски (Devojka) и Sam Brown (New Bomb Turks, Divine Fits). Своето прво ЕП (ЕП1) бендот го објавува во 2014 по што следуваше и првиот албум Blue Wave во 2016 издаден за Last Gang Records. По серијата меѓународни турнеи низ Северна Америка и Европа, музиката на Operators особено се одрази на источно-европската публика каде што бендот е добро прифатен низ клубовите и фестивалите.
За време на снимањето на нивниот деби албум, членовите на бендот биле ангажирани околу Cry Cry Cry албумот на Wolf Parade, серија на перформанси од каталогот на Handsome Furs, како и оригиналната песна на Boeckner за блокбастерот Mandy во 2018.
Нивниот нов албум Radiant Dawn ќе биде објавен на 17 мај.

Билетите за фестивалот Здраво млади по цена од 300 денари можете да ги набавите на билетарница на МКЦ и онлајн преку bileti.mkc.mk.