Detective Spook

Detective Spook [Критика 039]

DS_DS

Барбара 03:19
2 I wanna dance 02:26
3 Тestarossa 03:56
Рубироза 03:44
Катаклизма корпоратизма 03:38
Авантурите на бирократот Жежокглавовски 03:28
Интерпланетарен мегадрајв 05:24
Кино Македонија 03:50
Конфузија Андалузија 03:58
10 Тетрис е животот 03:00
11 Галаксија z80a 03:22
12 Рубиковата сфера 04:22
13 Битола, добро утро 04:24
14 Калифорнија, добра вечер 03:50
15 Мустафа го брани светот 03:36
16 Нервоза на срцето 05:21
17 Бисер балкански (бонус) 03:26

 

Снимено, миксано, продуцирано и мастеризирано во студиото „Кај Мартин дома“,
декември 2016 – август 2017 од Detective Spook.
Сите песни ги напиша Detective Spook, освен „Бисер балкански“ – Хилми Билбил,  Јован Павловски и Томислав Таневски.

 

п р е з е м и   с л о б о д н о

 


 

Synthesizer / Син-те-ти-за-тор /
именка
1. Човек или нешто што синтетизира.
2. Сите разни електронски, понекогаш преносливи конзоли или модули, обично компјутеризирани, за креирање, модифицирање и комбинирање на тонови или репродуцирање на звуци на музички инструменти преку контролирање на напонските модели, управувани со помош на тастатури, џојстици, лизгачи или копчиња.

 

m_p

„Види брат…“, изусти самоуверено тресејќи ја цигарата која немаше доволно пепел. „Живото е ко тетрис. Тетрисо колку и да научиш да го играш, секогаш постои можност да ти се падни форма шо ќе те заеби.“ Завртувајќи ја цигарата во пепељарата неколку пати тој продолжи: „Финтата e шо постои шанса да ти се падни и форма со која ќе го срушиш хајскоро.“ Детективот молскавично стана од своето место и се приближи кон џамот, сè уште држејќи ја цигарата. „Ако ме прашваш зошто сум детектив – одговорот е лесен. Да не бев детектив, Жежокглавовски ќе победваше…“, завртувајќи се кон новинарот: „…а тетрисот не можи да си го дозволи то.“