Демек

Сите пари на светот [Критика 008]

SPNS4Сите пари на светот е пиеса произлезена од потребите и небулозноста на човечките желби и стремежи. Бројката од 7 милијарди ентитети, нивните желби и импактот од истите врз био-енвироментот и ефектот од глобалната визија за еден унифициран модел и стандарди на поведение веќе започнува сериозно да го пореметува балансот на Планетата, тргнувајќи од егоистичната природа на хомосапиенсот и неговата неизлечива желба за доминација. Токму поради оваа особина сите човечки доблести и квалитети, како и технолошкиот прогрес во еден миг доаѓаат во конфликт со долгогодишната материјалистичка слика и алиенирноста која западните општества ја нудат. Резултатот е изместување на демократските вредности и диктирање на нов радикален бран на вредности, гета како логистичка супериорност и валидитет на самата мефистоловска владејачка елита. Невиноста е „no go„ измачувањата, страдањата и теророт се насекаде. Новата религија е повеќе од доминантна и видлива. Новиот месија стои пред нас, тој е материјализиран карактер, говори во името на сите седум милијарди на Планетата: П.А.Р.И.

 

1. Европа 2015
2. 14 милијарди очи
3. Гетото е мојата нација
4. Насекаде дими
5. Банкарот и неговата пасија
6. Сите пари на светот
Продукција: Манчевски & Павловиќ
Музика: Саша Павловиќ
Зборови: Владо Манчевски
Снимено во BPM Sound од Младен Павлески
Микс: Жарко Пејковски Ж’ба
| септември 2015 |

 

download