Поган Паган

WⒶrking Class [Критика 036]

WⒶRKING CLASS

1 Ombra Mai Fu 03:22
2 Los Picaros 04:32
3 WⒶrking Class 06:12
4 Attack Decay Sustain Release 04:46
5 Depression 04:19
6 Never Dry 03:24
7 Never Dry (прва верзија) 03:21
8 Жими све душава на две 04:08
9 Fuck The Police / со Дејан Лилиќ 01:53
10 Парите се брука  / со Дејан Лилиќ 05:25
11 Let Your Love 04:31
12 Van Hellsong / со Никола Ристановски 05:08
13 Erotica 02:05
14 Very Funny Person / со Сенко Велинов и Јана Стојановска 02:34
15 Europa / со Ирена Ристиќ 03:34

[ Поган Паган во живо 17 декември 2007 ]
16 [во живо] Depression 07:07
17 [во живо] Првата година наша 03:23
18 [во живо] Los Picaros 03:57
19 [во живо] Let Your Love 05:20
20 [во живо] WⒶrking Class 04:32
21 [во живо] Дракула / со Бојана Петровиќ и Ана Пандевска 07:13
22 [во живо] Бран бил женскиот предмет 02:17
23 [во живо] Attack Decay Sustain Release 04:09
24 [во живо] Емил врати се / со Тамара Тодевска 04:43
25 [во живо] Ист крај 02:59

 

Поган Паган е концептуален бенд кој својот звук го влече од електро-клеш до суров рокенрол, настанува во 2003 со соработката на оперската певица Надежда Рубен и режисерот Срѓан Јаниќијевиќ кој во 80те и 90те свирел во неколку пост-панк и industrial бандови. За прилично краток период од нивното оформување имаат неколку целовечерни живи настапи на голем број радија (City, Live, Канал 103 итн) и независни клупски и алтернативни сцени (Сектор 909, Музеј на Град Скопје, Стара чаршија). Набрзо во живите настапи им се приклучува перкусионистот Гоце Наумовски (Сетстат). Нивните концерти секогаш биле своевидни концептуални перформанси нудејќи и на публиката “повеќе од само” музика и танц. Во 2005 компонираат музика за панк операта Купидона во која има повеќе од 20 учесници (актери, пеачи, музичари). Во претставата во живо се приклучуваат и Игор Василевски (Новоградска) и дел од Летечките пекинезери. Во тој период Поган Паган се развива во навистина голем бенд и низ него поминуваат завиден број музичари не само од рокенрол сцената туку и од сферата на сериозната музика, како на пример: Ана Граматикова (клавијатури) Ирис Стефановска (челистка) Сарина Стојановска, како и Владимир Каевски (Мизар) и Бојан Рафајловски (Conquering Lion) и многу други на армоника, клавијатури гудачи итн. Во тој период учествуваат во реизданието на култниот албум на Бастион Works&Reworks со трип-хоп верзијата на “Емил врати се” на која пее како гостин Тамара. Верзијата брзо станува радијски хит. Заедно со современите композиторки Бојана Петровиќ и Ана Пандевска (кои пеат како гости) учествуваат во саундтракот на филмот „Превртено“ на Игор Иванов Изи. Во тој период во бендот се приклучува и Виктор Гајтановски (Далтонс, Mooger Fooger). Во оваа постава настапуваат задно со Nouvelle Vague во Универзална Сала. Подоцна работат на музика за Дракула од Дејан Дуковски, музичка претстава во која бендот во состав Каевски, Новоградска, Јаниќијевиќ и Гајтановски учествуваат активно на секоја изведба. Поган Паган се автори на музиката на истоимениот анимиран филм дел од омнибусот Скoпје Ремикс. На тапани се приклучува Андреј Анастасов Еди (Mooger Fooger, ТБ Трачери) а како гостин се појавува и Горан Таневски (Падот на Византија, Анастасија, Мизар). На последниот концерт настапуваат заедно со Дарко Кешкец (Далтонс).

 

Фотографија на омот: Кире Галевски


п р е з е м и   с л о б о д н о