Васко Атанасоски

Пази куче ЛП

[ ]

Васко Атанасоски ја објави својата прва лонгплеј солистичка плоча насловена како „Пази куче“, реализирана за сопствената инди етикетата Балкан Велики. Албумот донесува нови 8 песни и ќе биде издаден и на винил.

vasko-atanasoski

Албумот „Пази куче“ е објавен на 11 октомври како заедничко издание на Балкан Велики и независната издавачка куќа од Загреб – Geenger Records. На албумот учествуваат Васко Атанасоски со вокали, стихови, хармонии, бас и гитари, Дени Крстев со ритам програмирање и клавијатури, како и специјалните гости на албумот – Кристина Горовска од Bernays Propaganda на вокал и Mike Watt (Minutemen, fIREHOSE, The Stooges) на бас. Сите песни на албумот се напишани и продуцирани од Васко Атанасоски и снимени, миксани и мастерирани од Дени Крстев во Студио 1060.

Фотографија на насловната страна е на Davcevski Bros., а на задната страна на Mike Watt. Дизајн на обвивка Иван Антуновиќ. Семпловите користени на овој албум се од Boards of Canada – Music is math, African Head Charge – Dervish chant, Gonjasufi – Nickels and Dimes, CSNY – Love the one you’re with и Tom Ze – Dor e dor.

Албумот е достапен за слободно слушање а за декември годинава е најавено и винилното издание. Васко Атанасоски албумот ќе го промовира во живо на претстојниот фестивал на Балкан Велики – Магаре и музика 1 на 29-ти декември во Младинскиот културен центар во Скопје.

Апотеза на моралната дисторзија
кон „Мизантроп“ во продукција на Комеди Франсез

05.08.2018

режија: Клемен Ервиен Лежер главни улоги: Лои Корбери, Аделин Дерми, Ерик Женовезе, Џенифер Декер, Серж Бадасариан и Флоренс Виала   „Мизантроп“, најзагадочната пиеса на Молиер, ...

13.07.2018

Рускиот академско-младински театар од Москва, улоги: Илја Исаев, Денис Шведов, Андреј Сипин, Рамилја Искандер, Александар Доронин   Третиот дел од оваа епохална сага на Том ...