Промоција на деби албумот на 21 век

28 септември 2018 Винил 19:00

Во клубот Винил вечерва од 19 часот новиот ад-хок бенд 21 век ќе приреди слушачка претпромоција на нивниот деби албум.

21v
Васко Атанасоски, Раде Јордановски и Дени Крстев од бендот 21 век ќе го промовираат својот албум првенец создаден и снимен од јули до септември годинава во скопското студио 1060. 21 век вечерва ќе го промовираат и видео спотот за песната „Ќе завршам под мостот“ во режија на Милан Блажевски, со DJ сет на Балкан Велики. За 16-ти ноември годинава 21 век го најавуваат и деби концертот за истоименото лонплеј издание.