Вечерва стартува Cinedays

9-19 ноември МКЦ

Од 9 до 19 ноември, во организација на Младинскиот културен центар од Скопје ќе се одржи шеснаесеттото издание на Меѓународниот фестивал на Европски филм Cinedays, оваа година со слоганот „Скопска линија, европска вожња“, или – зошто омилената станица во Скопје е токму фестивалот Cinedays .

C.1.2017Годинешниот Cinedays нуди филмови што „гравитираат“ во неколку програмски веќе познати програмски целини: Официјална селекција, CineBalkan, Гала програма, Музички документарци, Земја во фокус: Шведска, МК-Кратки филмови, Cinedays+, Студентска програма, Детска програма и богата Придружна програма од работилници и музички настани. 

Гала програмата и оваа година изобилува со врвни режисерски имиња и наградувани филмови на фестивалите во Кан, Сан Себастијан, Венеција, Берлин, Ротердам… Од вкупно 20 филмови во Гала програмата, љубителите на европскиот филм ќе можат да ги погледнат „Среќен крај“ на Мајкл Ханеке, „Од никаде“ на Фатих Акин, „24 кадри“ од Абас Киаростами, „Убиството на светиот елен“ од Јоргос Лантимос, „Двојниот љубовник“ на Франсоа Озон и „Мојот Годар“ на Мајкл Хазанавициус кои се дел и од специјалната програма „Француски прозорец кон светот“ во соработка со Францускиот културен центар во Скопје, „Мајка“ на Дарен Аронофски, „Субурбикон“ на Џорџ Клуни, „Другата страна на надежта“ од Аки Каурисмаки, документарниот филм „Гледај и чуди сe: Соништа за поврзан свет“ од Вернер Херцог, и многу други наслови кои буквално ги собраа сите европски и светски филмски награди.
На Cinedays ќе се случи и премиерата на филмот „Пченица“ на култниот турски режисер Семи Капланоглу, кој воедно ќе биде и почесен гостин на фестивалот за премиерата, но и како претседател на жирито во Официјалната селекција.

I-GS

Cinedays ќе ја доживее и долгочекуваната македонска премиера на филмот „Исцелител“ на македонскиот режисер Ѓорче Ставрески, чија интернационална премера е во рамките на Меѓународниот филмски фестивал во Солун, а е и дел од натпреварувачката програма на еден од најпрестижните европски фестивали Tallinn Black Nights.

Официјалната селекција и програмата CineBalkan, фестивалот традиционално ги препушта на изборот на Бернд Будер, кој и оваа година понуди извонредна селекција на филмови. По завршувањето на филмските проекции од овие две програмски целини, следуваат „прашања и одговори“ сесии на кои публиката ќе има можност да разговара со режисери, продуценти, директори на фотографија, актери. 


Во рамките на Официјалната селекција Cinedays ќе ги прикаже – Плоштад Америка, во режија на Yannis Sakaridis, Бодкин рас (режија: Kaweh Modiri), Срце од камен (режија: Gudmundur Arnan Gudmundson), Свет воздух (режија: Shady Srour), Надвор (режија: Gyorgy Kristof), Родители (режија: Christian Tafdurp), Tehran Taboo (режија: Ali Soozandeh) и Горскиот принц во режија на Kuba Czekaj.

 


Во рамките на програмата CineBalkan се селектирани филмовите Сина тишина (режија: Bulent Ozturk), Зора (режија: Gentian Koci), Трамполина (режија: Katarina Zrinka Matijevic), Непожелен (режија: Edon Rizvanolli), Ветер (режија: Tamara Drakulic) и Жаба (режија: Elmir Jukic)

Заложбата на фестивалот е сериозно да придонесе кон развојот на европскиот филм во домашни и светски рамки, па оттаму Cinedays одвојува специјален фонд за награди од 300.000 денари за „Најдобриот филм во Официјалната селекција“ и 300.000 денари за „Најдобриот филм во селекцијата СинеБалкан“.


Cinedays секоја година нуди и содржајна програма од Музички документарни филмови и неверојатна понуда на концерти, се со цел, фестивалскиот ден да се заокружи на најдостоинствен начин. Филмската селекција ја сочинуваат девет филмови, кои ќе ги задоволат и најпрефинетите вкусови на филмските, но и музичките сладокусци – Бркајќи го Трејн: Документарец за Џон Колтрејн – режија: Jon Scheinfield, Еден куп уметност – режија: Christine Franz, Броење во есен – режија Marko Brecelj, Дени вели – режија: Brandon Toller, Плукни и на вистината во очи – режија: Varja Mochnik, Штрак! Психодуховната мантра на рокот – режија: Barney Clay, Плукни и раздели – режија: Jerome Vandewattyn, Суперсоник – режија: Matt Whitecross и Забрањено пушење во Сараево – режија: Gianlucca Loffredo.


Mузичката програма пак, се состои од 7 концерти во 10 фестивалски дена и тоа со настапите на ChkChkChk (САД), Christa Bell (САД), Jagga Jazzist (Норвешка), Zola Jesus (САД), Evil Nine (Велика Британија), Drew McDowall (Велика Британија) и Marko Brecelj (Словенија), а фестивалот ќе го отвори Бојан Чакра со специјален ди-џеј сет после проекцијата на документарниот филм за Џон Колтрејн.

Во соработка со Шведската амбасада во Скопје – воедно и во активистичкиот дух на фестивалот – Cinedays ќе реализира и филмска програма со најновите остварувања од шведската кинематографија, преку популарната програма Земја во фокус

Придружната програма оваа година на Cinedays ќе содржи „Награда за најдобра филмска критика“, со која ќе се охрабрат студентите по новинарство, студентите по филм, и воопшто, сите критички настроени филмски ентузијасти да напишат рецензии за филмовите што ги проследиле на фестивалот, за што ќе следува и награда доделена од специјално жири, потоа „Работилница за скрининг техники на снимање аудиции и филмови“, каде за време на трите дена во Скопје, светски познатата кастинг агентка Ненси Бишоп и нејзината соработничка Анила Гајевиќ од Зона Талент од БиХ, за сите учесници ќе презентираат а потоа истите ќе имаат можност да ги применат своите вештини за самостојно снимање за аудиции што претставува клучен дел од процесот на меѓународниот кастинг. Актерите ќе одберат од селекција на сцени и однапред ќе се снимаат самите. Потоа, ќе следат специјални вежби што кастинг агнетките ги имаат развиено за усовршување на лични стратегии за аудиции, вклучувајќи и техники на „студено“ читање.
Придружната програма ќе го претстави и добропознатиот миленик на македонската публика, режисерот Мирослав Момчиловиќ, меѓу останатото познат и како режисерот на филмовите „Смрт на човек од Балканот“ и “„Седум и пол“ со „Промена на планови во еден кадар како вид на монтажа“.
„Нарација: Како можеме да изградиме цврсти наративи за филмови“ од професорот Саваш Арслан од Универзитетот Bahcesehir од Истанбул, Турција ќе се одржи на Факултетот за драмски уметности во Скопје.

 

Новина е и програмата кратко наречена Cinedays +, во која истакнуваме филмови со специјални проекции – биографскиот филм за уметноста на Дејвид Линч, “Дејвид Линч: Животот на еден уметник” кој со проекција ќе оди пред концертот на Криста Бел, неговата муза и актерка во серијата “Твин Пикс”, филмот “Фадо” кој со специјална проекција ќе оди симултано на два фестивали – Cinedays и филмскиот фестивал во Тирана, рускиот филм “Хармс” во кој учество зазема и македонскиот продуцент Сашо Павловски со гости од филмот, филмот “Насоки” во режија на бугарскиот режисер Стефан Командарев каде исто учество зазема и македонскиот продуцент Владимир Атанасов, документарниот филм за фудбалската легенда Пеле: Раѓањето на една ѕвезда и филмот “Словенија, Австралија и утре целиот свет” во режија на словенечкиот режисер Марко Набершник каде свое ко-продукциско учество има и македонскиот продуцент Роберт Насков.

C2017.p

Во рамките на Студентската програма, ќе бидат прикажани повеќе од 50 студентски филмови од регионалните филмски академии, каде жирито составено од македонската актерка Наташа Петровиќ, режисерката Марија Апчевска и кураторот на меѓународниот фестивал на кратки филмови “2Annas”, Лајма Граждановича ќе одлучат за најдобриот студентски филм и награда од симболични 30.000 денари. 


Cinedays фестивалот од 20 ноември, понеделник, до 29 ноември, ќе го промовира и маратонот „Внимание: Филмски маратон“, 24 часа, ден и ноќ, без престан, 10 дни по ред, во нашето интимно, Џебно кино во МКЦ! Проекциите започнуваат во 9 изутрина, последната дневна проекција е во 3 часот по полноќ, а на секои 3 часа започнува проекција на филм. Секој ден претставува засебна тематска целина, а ќе бидат прикажани светски класици, најпознати филмски наслови, легендарни филмови битни за конкретниот жанр и тоа: вестерни, драми/романси, контроверзни, трилери, научно-фантастични филмови, еротски, уметнички (арт) филмови, акциони, хорори и комедии. Дел од проекциите во ударните термини ќе бидат проследени и со гости, за дебата по проекцијата на филмот, кои ќе бидат најавени дополнително. К
ураторот на оваа филмска програма е Влатко Галевски. 


Билетите за Гала програмата се со популарна цена од 150 денари, сите останати проекции со цена од 100 денари додека проекциите во рамките на Студентската програма, Програмата МК кратки филмови, Земја во фокус, Детската програма и Работилниците се со бесплатен влез. 
Билети за концертите кои се дел од cinEmusic ќе можат да набават и преку продажната мрежа на МКтикетс.


CP2017